ЗЕМЈОТРЕС И ЦУНАМИ ГО УНИШТИЈА ИНДОНЕЗИСКИОТ ГРАД ПАЛУ, ПОВЕЌЕ ОД 380 ЗАГИНАТИ

    ЗЕМЈОТРЕС И ЦУНАМИ ГО УНИШТИЈА ИНДОНЕЗИСКИОТ ГРАД ПАЛУ, ПОВЕЌЕ ОД 380 ЗАГИНАТИЗемјотресот бил со јачина од 7,5 степени според Рихтер (Фото: Ројтерс)

    Повеќе од 380 луѓе загинаа откако цунами, инициран од силен земјотрес, удри во индонезискиот град Палу. Властите кажаа дека брановите биле високи до три метри.

    Силни земјотреси продолжија да се чувствуваат во регионот, по првичниот, кој бил со магнитуда од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Уништени се илјадници домови, исто како и болници, хотели и трговски центри.

    Националната агенција за катастрофи објави дека има 384 загинати и повеќе од 350 повредени.

    Брановите од цунамито биле високи до три метри (Фото: Гети)

    „Сè уште немаме прецизни податоци, затоа што комуникациските линии се пресечени. Има многу тела долж брегот поради цунамито, но точната бројка не е позната“, изјави портпаролот на агенцијата.

    Палу и другиот најтешко погоден град Донгала се дом на околу 600.000 луѓе. Еден министер изјави дека е тешко оштетен и аеродромот во Палу, но хеликоптери можат да слетуваат.

    Епицентар на земјотресот бил на длабочина од десет километри во централниот дел на островот Сулавеси. Веднаш било издадено предупредување од цунами, но и укинато по еден час. Властите велат дека цунамито удрило додека предупредувањето сè уште било на сила.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира