ЗГОЛЕМЕТЕ ГО БУЏЕТОТ ЗА ОДБРАНАТА И НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ ВО СУДИР СО САД, ИМ КАЖА ПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР ТУСК НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ

    ЗГОЛЕМЕТЕ ГО БУЏЕТОТ ЗА ОДБРАНАТА И НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ ВО СУДИР СО САД, ИМ КАЖА ПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР ТУСК НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИТуск вели дека Америка останува од клучно значење за безбедноста на Европа (Фото: Гети)

    Полскиот премиер Доналд Туск побара од европските земји значително да ги зголемат трошоците за одбраната и да не влегуваат во судир со САД, во пресрет на вонредниот самит на европските лидери во Париз, каде што главни теми ќе бидат Украина и вооружувањето.

    Ќе ги прашам директно премиерите собрани во Париз дали се спремни за сериозни одлуки. Полска, за жал, е исклучок од правилото во Европа и тоа мора да се промени“, кажа Туск.

    Полска е членка на НАТО која најмногу троши за одбраната, 4,7% од бруто домашниот производ.

    Европските лидери уште се соземаат од објавата на САД дека ќе почнат билатерални разговори со Русија за крај на војната во Украина, без учество на Киев и европските земји. И покрај загриженоста во некои европски земји дека веќе нема да можат да се потпираат врз САД за својата одбрана, Туск е категоричен дека Америка останува од клучно значење за безбедноста на Европа.

    Нема причина сојузниците да се расправаат меѓу себе и да не најдат заеднички јазик за најважните прашања. Затоа ќе бидам во Париз за да ги спречам сите оние кои би сакале да воведат некаква натпреварувачка игра помеѓу Европската Унија и САД, бидејќи тоа нема никаква смисла“, кажа Туск, додавајќи дека европските земји мора драматично да ги зголемат буџетите за одбрана.

    Ако не трошиме доволно за одбраната сега, ќе бидеме принудени да трошиме десетпати повеќе ако не спречиме поширока војна“, смета Туск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира