ЖЕНА ДОАЃА НА ЧЕЛО НА ГЕРМАНСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ОТКАКО ШУЛЦ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ЖЕНА ДОАЃА НА ЧЕЛО НА ГЕРМАНСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ОТКАКО ШУЛЦ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАЌе ја поддржи за негов наследник. - Мартин Шулц и Андреа Налес (Фото: ДПА)

    Лидерот на германските социјалдемократи (СПД) Мартин Шулц поднесе оставка, за да се олесни создавањето на владина коалиција со конзервативците на Ангела Меркел.

    Шулц соопшти дека планира да ѝ ја препушти својата позиција на Андреа Налес, за што, сепак, ќе треба да се изјасни партијата на 22 април.

    Изворите од партијата велат дека до тогаш, привремен челник ќе биде градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц.

    Шулц кажа дека се повлекува со цел да се стави крај на дебатите во рамките на СПД, откако партијата неодамна договори коалиција со Демохристијанската унија на Меркел и со нејзиниот баварски партнер ЦСУ. Членовите на СПД ќе гласаат за коалицискиот договор во почетокот на следниот месец.

    Според него, централно-левичарската СПД треба да добие шест министерски места, вклучувајќи финансии и надворешни работи. Шулц претходно ја одби можноста да биде министер за надворешни работи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари