Претседателот Доналд Трамп твитна дека е совршен ден за жените да маршираат и да го прослават економскиот успех и создавањето богатство, кои се случиле за време на неговата прва година како претседател, додека жените низ целата земја се собраа против него и неговата политика.
„Излезете надвор за да се прослави историската пресвртница и економскиот успех, кој е без преседан, и создавањето богатство во последните 12 месеци“, напиша попладнево Трамп. „Најамала невработеност на жените во последните 18 години!“.
Но, луѓето што учествуваат на маршевите и митинзите во САД и ширум светот денес ги осудија ставовите на Трамп за имиграцијата, абортусот, правата на лицата од ЛГБТ заедницата, правата на жените и многу други.
Маршот во Вашингтон денес личеше на политички митинг, кога американскиот сенатор Кирстен Гилибранд и Ненси Пелоси од Претставничкиот дом, и двете демократки, ги повикаа жените да се кандидираат за претседател и да гласаат против агендата на Трамп и републиканците.
„Маршираме, се кандидираме, гласаме, победуваме“, кажа Пелоси.
Илјадници луѓе излегоа на митингот кај Меморијалниот центар на Линколн и маршираа низ Вашингтон.
Тоа беше еден од многуте митинзи во САД и во светот за зајакнување на свеста на жените. Илјадници луѓе се собраа во Кливленд, Ричмонд, Филаделфија, Њујорк, Остин, и на други места.
Во Палм Бич на Флорида, илјадници луѓе се собраа носејќи транспаренти против Трамп. Луѓето излегоа на улица на годишнината од инагурацијата на Трамп за да протестираат против неговата политика и за поддршка на движењето против сексуално напаѓање и вознемирување.