ЖЕНСКИ МАРШЕВИ ПРОТИВ ТРАМП НИЗ АМЕРИКА, ДОДЕКА ТОЈ ГИ ПОВИКА ДА ГО СЛАВАТ ЕКОНОМСКИОТ УСПЕХ

    ЖЕНСКИ МАРШЕВИ ПРОТИВ ТРАМП НИЗ АМЕРИКА, ДОДЕКА ТОЈ ГИ ПОВИКА ДА ГО СЛАВАТ ЕКОНОМСКИОТ УСПЕХИлјадници луѓе на годишнината од инагурацијата на Трамп излегоа во САД и ширум светот против неговата политика за имиграцијата, абортусот, женските права, правата на ЛГБТ луѓето.-Њујорк (Фото: АП)

    Претседателот Доналд Трамп твитна дека е совршен ден за жените да маршираат и да го прослават економскиот успех и создавањето богатство, кои се случиле за време на неговата прва година како претседател, додека жените низ целата земја се собраа против него и неговата политика.

    „Излезете надвор за да се прослави историската пресвртница и економскиот успех, кој е без преседан, и создавањето богатство во последните 12 месеци“, напиша попладнево Трамп. „Најамала невработеност на жените во последните 18 години!“.

    Њујорк, (Фото: АП)

    Но, луѓето што учествуваат на маршевите и митинзите во САД и ширум светот денес ги осудија ставовите на Трамп за имиграцијата, абортусот, правата на лицата од ЛГБТ заедницата, правата на жените и многу други.

    Маршот во Вашингтон денес личеше на политички митинг, кога американскиот сенатор Кирстен Гилибранд и Ненси Пелоси од Претставничкиот дом, и двете демократки, ги повикаа жените да се кандидираат за претседател и да гласаат против агендата на Трамп и републиканците.

    „Маршираме, се кандидираме, гласаме, победуваме“, кажа Пелоси.

    Илјадници луѓе излегоа на митингот кај Меморијалниот центар на Линколн и маршираа низ Вашингтон.

    Тоа беше еден од многуте митинзи во САД и во светот за зајакнување на свеста на жените. Илјадници луѓе се собраа во Кливленд, Ричмонд, Филаделфија, Њујорк, Остин, и на други места.

    Во Палм Бич на Флорида, илјадници луѓе се собраа носејќи транспаренти против Трамп. Луѓето излегоа на улица на годишнината од инагурацијата на Трамп за да протестираат против неговата политика и за поддршка на движењето против сексуално напаѓање и вознемирување.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира