ЖИТЕЛИТЕ НА ХЕРСОН ГО СЛАВАТ ОСЛОБОДУВАЊЕТО ДОДЕКА РУСИТЕ УТВРДИЛЕ НОВА ОДБРАНБЕНА ЛИНИЈА НА ДРУГИОТ БРЕГ НА ДНЕПАР

    ЖИТЕЛИТЕ НА ХЕРСОН ГО СЛАВАТ ОСЛОБОДУВАЊЕТО ДОДЕКА РУСИТЕ УТВРДИЛЕ НОВА ОДБРАНБЕНА ЛИНИЈА НА ДРУГИОТ БРЕГ НА ДНЕПАРВо Херсон одново се веат украински знамиња (Фото: Униан)

    Украинските војници беа пречекани од пресреќните жители во центарот на Херсон откако руските сили денеска се повлекоа од својата најголема добивка во речиси деветмесечната војна.

    Русија кажа дека без загуби повлекла 30.000 војници од западниот на источниот брег на Днепар, додека Украинците зборуваат за хаотично повлекување, во кое руски војници ги фрлале униформите и оружјето, а некои и се удавиле при преминувањето.

    Снимките од центарот на Херсон покажуваат десетици Украинци кои се радуваат и извикуваат победнички слогани, иако Киев им препорача на жителите да останат во своите домови додека трае потрагата по скриени руски војници.

    Русите ги симнуваат и фрлаат униформите и се обидуваат да се измешаат со локалните жители. Ги повикуваме да се предадат и да не бидат глупави“, изјави Јури Сак, советник на украинското министерство за одбрана.

    Тој кажа дека Украина презела контрола врз речиси целиот град Херсон.

    Русија и натаму контролира околу 70% од регионот Херсон, еден од четирите кои Путин незаконски ги анектираше на крајот на септември. Путин досега не се огласил за повлекувањето од Херсон, додека неговиот портпарол Дмитри Песков кажа дека сите прашања за тоа треба да се насочат кон министерството за одбрана.

    Иако се чинеше дека ќе трае подолго, Русите го напуштија Херсон буквално преку ноќ, само два дена откако го најавија. Речиси без безбеден премин, реката Днепар ќе стане голема природна одбранбена линија. Сателитските снимки покажуваат свежо ископани ровови долж источниот брег на реката, како и новоутврдени позиции на клучните премини кон Крим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира