ЗРАК СВЕТЛИНА ПОСЛЕ ДОЛГА НОЌ, ВЕЛАТ ВО ЛОМБАРДИЈА ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ-КОВИД-19

    ЗРАК СВЕТЛИНА ПОСЛЕ ДОЛГА НОЌ, ВЕЛАТ ВО ЛОМБАРДИЈА ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ-КОВИД-19Здравствени работници во болницата Спаланѕани, Ломбардија денес примија вакцина, каде беа првите ковид позитивни случаи во Италија. (Фото: Ројтерс)

    Земјите членки на Европската Унија денес почнаа со вакцинација против ковид-19, а прироритет од 450-те милиони жители имаат најранливата група граѓани. Ова е историски момент кој влева надеж во борбата против најголемата здравствена криза на векот.

    Здравствените работници, возрасните лица  и политичарите ги примија првите вакцини во 27-те земји, со цел ја ја осигураат јавноста дека вакцините се безбедни и најдобра можност да се спречи пандемијата. Во земјите на ЕУ досега се пријавени 14 милиони заразени, 335 илјади смртни случаи како последици од ковид-19, а периодов голем дел од земјите имаат полициски час.

    Ветеранката од Втората светска војна Емилија Репиткова и чешкиот премиер Андреј Бабиш беа меѓу првите кои примија вакцини во Воената болница во Прага. (Фото: АП)

    „Воопшто не болеше. Отворете ги очите и вакцинирајте се“, вели Михаела Ангел, медицинска сестра во Букуреш која ја прими првата вакцина во Романија.

    Германскиот министер за здравство Јенс Спан реле дека ова е порака за Среќен Божиќ, и дека „е клучот за да си ги вратиме животите во нормала“.

    Италијанскиот вирусолог Доменико Аркури изјави дека е значајно што првите вакцини во Италија стигнаа во болницата Спаланѕани, каде кинеска двојка од Вухан во јануари имаше позитивен тест на ковид-19 и беа првите потврдени случаи во Италија. Набрзо, северна Ломабрдија стана епицентар на епидемијата во Европа. Италија денес има највисока смртна стапка од речиси 72 илјади.

    Авион во средата симболично направи рута над северна Германија за да го означи доаѓањето на вакцината. (Фото: Ројтерс)

    „Денеска е убав, симболичен ден. Сите жители на Европа сплотени да ги добијат нивните вакцини, првиот зрак светлина после долга ноќ“, изјави Аркури.

    ЕУ доби пратки со дози вакцини од „Фајзер“ и „БиоНтек“ против ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира