КАКО АЈКУЛА ГО ИЗЕДЕ НОВИНАРСТВОТО

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Виена,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАКО АЈКУЛА ГО ИЗЕДЕ НОВИНАРСТВОТО

    Македонија беше спомената на Глобалниот самит на уредници кој се одржува во Виена во еден од примерите како таканареченото „копирај – вметни“ новинарство во дигиталните медиуми може да ја доведе во забуна читачката публика. За пример беше избрана приказната со наслов „Србин убил ајкула убиец во Шарм ел Шејк“, објавена од српскиот сатиричен портал „Њуз нет“ кој објавува измислени вести.

    Дејан Николиќ, основач и основачки главен и одговорен уредник на Њуз нет на голем видео бим направи визуелна презентација како веста што тој ја објавил на 10 декември 2012 со преземање се ширела од еден на друг медиум. Според него, веста мислејќи дека е вистинска ја презела македонската новинска агенција и веднаш потоа и скопскиот весник „Вечер“. Потоа, веста почнала да се шири како вистинита и ја преобјавиле дваесетина други регионални и светски медиуми.

    Тема на годинашниот новинарски самит е токму „како дигиталните медиуми го проголтаа вистинското новинарство“, а Николиќ со неговата презентација покажа дека кога останатите медиуми преземаат содржини без проверка може дебело да се зафркнат.

    JutarnjiW

    Во загрепски „Јутарњи лист“ биле искрени и признале дека приказната им се видела интересна и паднале на финтата

    За разлика од печатените медиуми кои веќе не можат да ја исправат грешкатам на нивните онлајн изданија им е полесно, бидејќи со дополнување допишале дека веста е измислена, а некои и признале дека се зафркнале. На пример, на интернет изданието на „Вечер“ се уште стои веста со наднаслов „Србин спаси сезона во Шарм ел Шеик, а Рада ги брка од Македонија“ и дури на дното се нотира дека веста е измислена и преземена и „мора да признаеме дека е одлична шега“. Во загрепски „Јутарњи лист“ биле искрени и признале дека приказната им се видела интересна и паднале на финтата.

    ajkula

    „Комсомолска правда“ објави графика со истражување како е можно пијан човек од 80 килограми со законите на физиката да отепа ајкула

    Најдалеку отишол рускиот весник „Комсомолска правда“ кој објавил графика како е можно пијан Србин од 80 килограми со законите на физиката да отепа ајкула, па дури и консултирале експерти од Серускиот институт за рибарство и океанографија. На крајот заклучиле дека ајкулата не можела да биде убиена од ударот на човек што паѓа, туку најверојатно угинала од срцев удар.

    Оригиналната вест на следниов линк:

    http://www.njuz.net/srbin-ubio-ajkulu-ubicu-u-sarm-el-seiku/

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира