МВР ГИ ИДЕНТИФИКУВАШЕ ЛИЦАТА КОИ ОДВНАТРЕ ЈА ОТСТРАНИЛЕ БЛОКАДАТА НА СОБРАНИСКАТА ВРАТА

    МВР ГИ ИДЕНТИФИКУВАШЕ ЛИЦАТА КОИ ОДВНАТРЕ ЈА ОТСТРАНИЛЕ БЛОКАДАТА НА СОБРАНИСКАТА ВРАТАДо надлежното ОЈО дополнително се доставени три посебни известувања околу сознанијата на истрагата за неколку лица, вели кабинетот на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу. - Од упадот во Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Полицијата ги открила лицата кои учествувале во отстранувањето на претходно поставената блокада на влезната врата на Собранието, по што неколку стотина луѓе се втурнаа во зградата. Блокадата била одвнатре поставена претходно, уште кога почнаа протестите непосредно пред влезот на Парламентот.

    „По извршениот преглед на видео материјалите од безбедносните камери во Собранието идентификувани се лица кои што учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда“, соопшти МВР.

    СВР Скопје, по поднесената кривична пријава од 30.04.2017 против вкупно 15 лица осомничени за сторени кривични дела – “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ и “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ, продолжува со преземање мерки и активности за целосно расчистување на настаните предизвикани од упадот на граѓани во Собранието на Република Македонија од 27- ми април, наведува МВР во соопштението. До надлежното ОЈО дополнително се доставени три посебни известувања околу сознанијата на истрагата за неколку лица, вели кабинетот на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

    СВР Скопје и натаму во координација со ОЈО Скопје интензивно работи на натамошна идентификација на лица коишто биле учесници во немилите настани од 27 април, вели МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира