НАЈМАЛКУ 5 ЗАГИНАТИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД СО КАМИОН ВО СТОКХОЛМ

    НАЈМАЛКУ 5 ЗАГИНАТИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД СО КАМИОН ВО СТОКХОЛМПред да влета во продавница, камионот удри во група луѓе на пешачка улица во центарот на Стокхолм. (Фото: Афтонбладет)

    Камион влета во продавница во центарот на Стокхолм, убивајќи најмалку пет луѓе, јави шведската државна телевизија СВТ. Неколкумина други се повредени во инцидентот на улицата „Дротнигатан“, една од главните пешачки улици во градот.

    Шведскиот премиер Стефан Левен кажа дека сè укажува на терористички напад. Локалните медиуми јавија за еден уапсен, но полицијата вели дека не може да потврди дека некој бил приведен.
    Камионот бил украден претходно денеска, кажа сопственикот. Инцидентот се случи во трговскиот центар „Ахленс“, нешто пред 15 часот.

    Шведските медииуми јавија за пукотници во друг дел од градот, но засега не е јасно дали двата инциденти се поврзани.
    Продавницата во која влета камионот е близу централната станица и таа беше евакуирана, а прекинат беше и сообраќајот во метрото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира