Тревога за бомби е објавена од два патнички авиона кои требаше да слетаат на главниот аеродром во Брисел, јави белгиската ТВ ВРТ. Тревогите биле пратени по радиоврска од авионите до контролната кула. Обата авиона слетаа безбедно.
Еден авион бил на авиокомпанијата САС на лет од Осло до Брисел, тој слета безбедно, и по 10 минути патниците излегле и се евакуирани во зоната за пристигнувања на аеродромот. Според еден новинар кој бил во авионот, капетанот излегол од кабината 20-на минути пред слетување и рекол дека можеби има бомба во авионот, побарал од патниците да останат на своите места и почекале околу 10 минути по слетувањето.
Вториот авион, на мароканската компанија „Ер Арабија Марок“ е пренасочен во Тулуз, Франција каде слета пред малку. Портпаролот на јавното обвинителство рече дека настанот изгледал доволно сериозен за да се преземат сите безбедносни мерки.
Заканите доаѓаат по самоубиствените напади на аеродромот во Брисел и на две други места во градот во март во кои загинаа 16 луѓе.