УЧЕНИЦИТЕ ОД СТРУШКО ЛАБУНИШТА ОД УТРЕ ЌЕ ЈА БОЈКОТИРААТ НАСТАВАТА ОТКАКО ВЛАДАТА НЕ ГИ ЗАТВОРИ КАМЕНОЛОМИТЕ БЛИЗУ СЕЛОТО

    УЧЕНИЦИТЕ ОД СТРУШКО ЛАБУНИШТА ОД УТРЕ ЌЕ ЈА БОЈКОТИРААТ НАСТАВАТА ОТКАКО ВЛАДАТА НЕ ГИ ЗАТВОРИ КАМЕНОЛОМИТЕ БЛИЗУ СЕЛОТОПред нецел месец жителите од Лабуништа преку протести и дадоа рок на Владата и надлежните министерства да им ги одземат концесиите за работа на двата моментално активни каменоломи, но тоа не се случи. (Фото: СДК.МК)

    Жителите на струшкото село Лабуништа ќе ја бојкотираат наставата во второто полугодие од учебната година и утре нема да ги пуштат своите деца на училиште оти Владата не им го реши проблемот со каменоломите кои со години се закана по нивното здравје.

    „На граѓански собир организиран од месната заедница на Лабуништа се донесе одлука по барање на граѓаните на Лабуништа дека доколку проблемот со каменоломите не се реши до почетокот на второто полугодие нема да ги пуштат децата на настава во основните и средните училишта. Бидејќи до денес нема одговор од Министерството за економија, одлуката донесена на граѓанскиот собир организирана од Месна заедница на Лабуништа стапува на сила од понеделник“, велат од Месната заедница на Лабуништа.

    Пред нецел месец жителите од Лабуништа преку протести и дадоа рок на Владата и надлежните министерства да им ги одземат концесиите за работа на двата моментално активни каменоломи, но тоа не се случи. Организаторите, Здружението „Натура лаб“, велат дека ќе бидат истрајни се додека конечно не им се реши проблемот и најавија порадикални протести и блокирање на патишта.

    „Ако една битка се изгуби тоа не значи дека војната ќе ја изгубиме. Одиме до крај. Доколку и сега не го слушнат нашиот глас ќе има и бојкот на изборите“, велат од „Натура лаб“.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира