ДОЦНА ЈА ДОБИЛЕ ДИЈАГНОЗАТА 48 ОТСТО ОД 225-ТЕ ХИВ ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ПОСЛЕДНИВЕ 5 ГОДИНИ, ВЕЛАТ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗАЕДНО ПОСИЛНИ“

    ДОЦНА ЈА ДОБИЛЕ ДИЈАГНОЗАТА 48 ОТСТО ОД 225-ТЕ ХИВ ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ПОСЛЕДНИВЕ 5 ГОДИНИ, ВЕЛАТ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗАЕДНО ПОСИЛНИ“Министерот Филипче, Андреј Сених од „Заедно посилни“ и Хајди Штерјова-Симоновиќ, извршна директорка на Здружението ХОПС на денешното одбележување на Светскиот ден на борба против СИДА. (Фото: Министерство за здравство)

    Годишно во просек во земјава се дијагностицираат 45 случаи на ХИВ. На крајот на 2020 биле дијагностицирани 332 лица, а моментално околку 330 пациенти примаат терапија на Клиниката за инфективни болести, рече денеска Андеј Сених, извршен директор на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ на одбележувањето на Светскиот ден на борба против СИДА.

    Од Здружението апелираат секој сексуално активен човек одвреме-навреме да направи ХИВ-тест.

    „Она што како Здружение нѐ загрижува е дека, за жал, во изминатите пет години од вкупно 225 регистрирани нови инфекции речиси половина или 48 проценти биле доцна дијагностицирани, а една петтина биле дијагностицирани во многу напреден стадиум на ХИВ инфекцијата. До крајот на 2020 година вкупно 112 лица се регистрирани како починати. Во овие доцна откриени случаи во последниве години регистрираме нешто зголемен број на смртни случаи. Обично има од еден до два или три случаи на смрт во годината. Минатата година имаше повеќе, а тоа се должи на доцна откриена ХИВ инфекција. Кога зборувам за доцна инфекција со ХИВ , тоа не значи дека нема спас“, рече Сених.

    Дури 90 проценти од лицата кои се дијагностицирани во 2020 година, посочи тој, примаат антиретровирусна терапија, додека од тие кои примаат терапија дури 94 проценти го имаат целосно потиснато вирусот во крвта, со што се прекинува можноста за натамошен пренос на инфекцијата по сексуален пат.

    Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата кажа дека буџетот на програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција за следната 2022 од 90 милиони денари се зголемува на 130 милиони денари.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира