УБЕДЕТЕ ГИ БЛИСКИТЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ЗА КОВИД ВАКЦИНА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ И ПОВИКА НА МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА

    УБЕДЕТЕ ГИ БЛИСКИТЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ЗА КОВИД ВАКЦИНА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ И ПОВИКА НА МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈАИмунизацијата во земјава се одвива со вакцината на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и со „Синофарм“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    По три силни брана, вирусот ковид-19 конечно стивнува и сега вакцината е најсилното оружје во таа борба, апелира министерот за здравство Венко Филипче, повикувајќи ги граѓаните во што поголем број да се пријават на сајтот www.vakcinacija.mk. Тој ги повикува сите и да ги убедат своите блиски, пријателите и сограѓаните да се пријават за имунизација.

    „Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата и ќе го вратиме животот онаков каков што го знаеме“, вели министерот во видеообраќањето до граѓаните.

    Според последните податоци од сајтот, во земјава се вакцинирани 216.013 граѓани, а пријавени се 390.330 граѓани.

    Имунизацијата во земјава се одвива со вакцината на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и со „Синофарм“.

    Филипче на 19 мај најави дека на почетокот на јуни треба да стигнат 500 илјади вакцини од кинеската „Синовак“, а во текот на јуни 100.000 на „Фајзер“ вакцини преку Ковакс механизмот. Според него, има најави од претставници на Руската амбасада оти до крај на мај треба да стигне одредена количина на „спутник“, но додава дека не се потврдени.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира