ВО КОВИД БОЛНИЦИТЕ ЛЕЖАТ 427 ЛИЦА, ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НАМАЛЕНА СМРТНОСТА И РЕИНФЕКЦИИТЕ, ВЕЛИ ИЈЗ

    ВО КОВИД БОЛНИЦИТЕ ЛЕЖАТ 427 ЛИЦА, ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НАМАЛЕНА СМРТНОСТА И РЕИНФЕКЦИИТЕ, ВЕЛИ ИЈЗЗа минатата недела регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (504, 24,1%). (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од 6 до 12 декември по компликации од ковид-19 починаа 66 лица од 20 градови во земјава, со намалување од 2,9% во однос на претходната недела, стои во неделниот извештај од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Најголем дел од починатите, 26, се од Скопје. Во однос на возраста, најголем број (од починатите, 58 (87,9%) се на  возраст над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7) и 40-49 години (1).

    Од 6 до 12 декември тестирани се 17.997 материјали, со зголемување од 6,2% во однос на минатата недела.

    Регистрирани се 2.090 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 8,1% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 6,8% до 13,7%, просечно 11,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.024; 49,0%), со неделна инциденца – 161,5/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци 330,4/100.000.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (504, 24,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (91; 4,4%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи.

    Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.136 (54,4%) лица од женски и 954 (45,6%) од машки пол.

    Во текот на мината недела вкупно се пријавени 26 реинфекции, со намалување од 35% во однос на претходната недела. Заклучно со 12 декември, се регистрирани 980 реинфекции (0,4%), од кои две се втори реинфекции.

    Со статус оздравени се стекнале 2.256 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

    Во болниците во моментов лежат 427 лица (7,4% помалку во споредба со претходна недела), а од нив 247 се на кислородна поддршка (8,3% повеќе во споредба со претходна недела) и 13 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (идентично во споредба со претходна недела).

    Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 219.490, оздравени се 206.211, починаа 7.740, а активни случаи се 5.539.

     


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира