ДОКТОР МЕНГЕЛЕ ВО ЗАТВОРОТ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ, АЛАРМ ОД ОМБУДСМАНОТ

Ако им се примоча по 22 часот навечер, 28-те деца, меѓу кои има и полнолетни штитеници во Воспитно-поправниот дом “Тетово“ , уринираат во пластични шишиња кои ги чуваат до зглавјето во собите кај што спијат. Шишињата ги истураат дури утредента, кога обезбедувањето им ги отклучува собите. Освен овој податок, Народниот правобранител вчера, презентирајќи го Посебниот извештај за состојбите со децата...

КОЈ ГИ ПЕЧАТИ ГЛАСАЧКИТЕ СПИСОЦИ ФАЛИЧНИ, ДАЛИ МОЖЕ ДА БИДАТ ФАЛСИФИКУВАНИ, ПРАШУВА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Нешто сомнително се случува од денот на заклучувањето на Избирачкиот список до денот на гласањето, се сомнева Народниот правобранител на РМ Иџет Мемети. Во неделата, на денот на гласањето, и вчера, граѓани поднеле претставки кај него поради ускратување на правото да гласаат. Сите што поднеле претставки, вели Мемети, ги има на електронската апликација на Избирачкиот список на веб-страната на Државната...

„ВОДОВОД“ КРИЕ ЗОШТО ОТПИШАЛ НАД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ДОЛГОВИ ЗА ВОДА НА ЕКСМИНИСТРИ И ПРАТЕНИЦИ

Четири меcеци скопското Јавно претпријатие „Водовод и канализација“ крие зошто им отпишало долгови за вода во износ од над три милиони евра на бивши министри, актуелни пратеници и граѓани блиски до власта. Во мај годинава за овие отписи на долгови за вода во Советот на Скопје праша советничката група на СДСМ. „Зошто едни да плаќаат, а на други да им се...

УРНАТО КУПАТИЛОТО НА СКОПЈАНКА, ИЗМАМЕНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ КОЦЕ И СОКОЛ, ЗА ИЗГРАДБА НА БУЛЕВАР

Општина Ѓорче Петров го урна купатилото на Елица Обрадовиќ од Ѓорче Петров што ѝ го изгради градоначалникот Коце Трајановски, бидејќи на негово барање таа му дозволи да ѝ го урнат старото, за да се прошири булеварот “Борис Сарафов“. Трајановски, според ветеното, летово преку ЈП “Улици и патишта“ ѝ изгради на Елица купатило-лепенка до нејзината мала куќичка-соба, во која живее...

НАД 300 ЛУЃЕ ЌЕ ИЗГУБАТ МНОГУ ПАРИ ВО ПРИВАТНИТЕ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ

Вкупно 314 граѓани ќе изгубат многу пари затоа што се зачленети во вториот пензиски фонд. Станува збор за осигуреници кои во 2005 година имале околу 10-15 години до пензионирање и не требало да станат членови на двостолбниот пензиски систем. Скандалозната бројка излезе на виделина откако тројца граѓани поднеле претставки до Народниот правобранител. Тие биле фрапирани кога по поднесеното барање за...

КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЗА МАЧЕЊЕ НА ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ, БАРА ОМБУДСМАНОТ

Народниот правобранител Иџет Мемети до Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) поднел предлог за утврдување кривична одговорност против четворица полицајци и против други непознати службени лица од МВР за мачење и друго сурово, нечовечко и понижувачко постапување и казнување врз повредените Горјан Атанасов, Горан Наумовски, Бахри Реџепи и Димитрија Анѓелковски, дел учесници, а дел репортери од протестите на Шарената револуција...

„ВОДОВОД“ ГО НАПЛАЌА БАРОКОТ ПРЕКУ ВОНРЕДНИ ФАКТУРИ ЗА СКОПЈАНИ И ДО 18.000 ЕВРА

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ последнава 1,5 година кај корисниците доставило стотина сметки за вода која тие не ја потрошиле. На станови од седумдесеттина квадратни метри фактурирани им се месечни сметки како да полнеле олимписки базени. Канцеларијата на Народниот правобранител е затрупана со претставки од незадоволни корисници. Голем дел од нив веќе се обработени. „Имаме преку педесетина предмети во кои е утврдено...

ПРВАЧЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ПЕШАЧИ ПО 13 КМ ДО ШКОЛО ОТИ НЕМА ПРЕВОЗ

Народниот правобранител од Куманово отвори предмет за да ги утврди причините поради кои не се обезбедува превоз на првачето Елеонора Младеновска (8), дете со посебни потреби од зафрленото планинско село Враготурце, која пешачи 13 километри за да оди на училиште во соседното Пелинце. По објавување на текстот во САКАМДАКАЖАМ.МК пред два месеца за слепото семејство кое живее во екстремно...

ТУЖЕТЕ ГИ ОПШТИНИТЕ ЗА НЕИСЧИСТЕНИОТ СНЕГ И МРАЗ, НЕ ТРПЕТЕ ПОВРЕДИ, ВЕЛИ ОМБУДСМАНОТ

Над 160 повредени граѓани со скршеници на колкови, рачни и зглобови на нозете се регистрирани само во Скопје откако падна снегот, како последица на замрзнати неисчистени тротоари, патеки и улички, а уште нема ниедна тужба пред Управниот суд против општините, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Судот. Граѓаните не поднесуваат ни претставки до Народниот правобранител поради неодговорното однесување на општините кое...

РАБОТНИК СО ТРИ МОЗОЧНИ УДАРИ ОСТАНАЛ И БЕЗ БОЛЕДУВАЊЕ И БЕЗ РАБОТА

На вработен кој притоа нема шест месеци непрекинато здравствено осигурување од првиот ден од вработувањето, Фондот за здравство нема да му го покрие боледувањето. Тоа значи, дека кога се вработува, треба да не се разболи во следните 6 месеци додека не стекне право според Законот за здравствено осигурување Фондот да го исплаќа надоместот за плата додека не оди на...