НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СО БЕСПЛАТНА ЛИНИЈА 0800-54321 ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СО БЕСПЛАТНА ЛИНИЈА 0800-54321 ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕНа денот на изборите ќе бидат отворени и сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, ќе бидат отворени за граѓаните. - Народниот правобранител Иџет Мемети (Фото: СДК.МК)

    В недела, на денот на одржувањето на првиот круг од претседателските избори и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 во канцеларијата на Народниот правобранител на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

    Истовремено, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, ќе бидат отворени за граѓаните со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

    Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

    Од Народниот правобранител велат дека, правата на граѓаните ќе ги штитат со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

    И во оваа пригода, Народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира