ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ЗАЕВ ЗА ОБЈАВЕНАТА БОМБА ВО КУМАНОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ЗАЕВ ЗА ОБЈАВЕНАТА БОМБА ВО КУМАНОВО

    Ослободителна пресуда донесе кривичниот совет во Кумановскиот суд, по приватна тужба на Виктор Цветковски од ГРОМ против лидерот на СДСМ Зоран Заев, СДСМ како правно лице и Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово, за кривично дело неовластено снимање и објавување на разговорите во т.н. бомби на прес-конфернција во Куманово.

    „Не сме задоволни од пресудата и затоа ќе ги преземеме сите правни можности до повисоките судски инстанци, Апелација, Врховен суд, а доколку е потребно и до Меѓународниот судот за човекови права во Стразбур. Со оваа пресуда судијата го фрли во вода целиот свој професионален кредибилитет, бидејќи потклекна на политичкиот притисок. Ќе поднесам преставка до судскиот совет за непрофесионално постапување на судијата во овој случај“, изјави Виктор Цветковски, по судењето.

    Цветковски ги тужеше Заев, СДСМ и Костовски, заради неовластено снимање и објавување на разговорот меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

    Тој пред судот бараше да се казнат тужените затоа што ја нарушиле неговата приватност, додека одбраната на Заев тврдеше дека објавувањето на снимените разговори била одлука на партијата поради повисоки државни цели, исклучиво заради откривање на криминалите на власта и политичкото пазарење на политичарите со гласовите на граѓаните во изборните процеси.

    Цветковски претходно поднесе тужба и пред Специјалното јавно обвинителство, која беше отфрлена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира