РАБОТНИЦИТЕ ОД НЕГОТИНСКАТА ТУЛАНА ЌЕ ШТРАЈКУВААТ ЗА НАМАЛЕНИТЕ ПЛАТИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Неготино,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

РАБОТНИЦИТЕ ОД НЕГОТИНСКАТА ТУЛАНА ЌЕ ШТРАЈКУВААТ ЗА НАМАЛЕНИТЕ ПЛАТИ

„Писмено се обративме до раководството со барање да ни ја вратат платата на старо, но ни ја намалија уште за 30 отсто. Намален ни е бодот, не ни е платена работата во празници, ништо не добиваме ниту за прекувремена работа“, велат работниците од неготинската тулана „8-ми Ноември” кои најавија штрајк (Фото: СДК.МК)

Се намалуваат платите иако тулата се продава, реагираат работници од неготинската тулана „8 Ноември”. Велат дека прифаќањето на планот за реорганизација на фабриката за производство на тули и блокови која една година беше во активен стечај, по одлука која беше донесена од Собранието на доверители, по сѐ изгледа дека не донесе ништо добро за стотината вработени во фабриката.

„Се соочуваме со вистински проблем, ни ја дадоа платата за ноември намалена за триесет отсто. Според одговорните, не се работело рентабилно, немало приходи, имало многу долгови. Се прашуваме како може да ни го кажуваат тоа кога дневното производство е околу 15 илјади парчиња тули, а и секојдневно од дворот на фабриката излегуваат од 7 до 8 шлепери натоварени со стока од цигланата“, велат работниците.

Тие се прашуваат како може една фирма да работи нерентабилно кога процесот на производство се одвива нормално, се произведува вообичаено, а испораката на готовите производи е секојдневна.

„Писмено се обративме до раководството со барање да ни ја вратат платата на старо, но ни ја намалија уште за 30 отсто. Намален ни е бодот, не ни е платена работата во празници, ништо не добиваме ниту за прекувремена работа. Сега, за јануари ни рекоа да работиме за 70 отсто, кој сака нека остане да работи, а кој не нека оди под завод. За да не дојде до тоа, на 4 јануари пријавивме штрајк во полиција, Го известивме раководоството писмено да ни се врати платата по старо и да продолжиме да работиме. За ова, им дадовме рок од седум дена. Вчера ни одговорија негативно по тоа, дека не ги прифаќаат тие услови и не го признават штрајкот оти според нив бил невалиден, дека одлучиле работниците да бидат под завод до април, на што ние бурно реагиравме и рековме дека нема да се согласиме со таквата одлука”, додаваат незадоволните.

Поранешниот стечаен управник Димитар Аџиев, кој од мај, 2016 е назначен за одговорно лице за планот за реорганизација, ќе се отвори сетчајната постапка ако планот не се спроведе.

„Има таму план за реорганизација како библија и стриктно по тој треба да се придржуваат, а јануари месец е месец на ремонт во цигланата. Со писмо го предупредив управителот на друштвото да се придржува кон планот за реорганизација. Ако не се придржува, стечајната постапка се преотвара. Комуницирам со назначениот управител и Одборот на доверители, јас сум законски овластен за следење на реализацијата на понудениот бизнис план после стечајната постапка”, вели Аџиев.

Од средината на минатата година, неколкумина доверители на фабриката нивните побарувања ги трансформирале во траен влог во ново друштво кое го носи името „8 Ноември“ ДОО Неготино. Можноста за донесување план за реорганизација и активен стечај била овозможена со новиот Закон за стечај.

„Проблемите започна пред 5-6 години кога протестиравме поради четирите заостанати плати и неисплатени придонеси за две години. Револтирани од тогашното раководството кое, не ни кажуваше кога ќе се вратиме на работа, со запрен производен процес поради немање мазут и струја за работа, во март 2012 година пет дена го блокиравме  патот Неготино – Штип со надеж дека ќе го свртиме вниманието на сопствениците да ни бидат исплатени 13 заостанати плати и конечно да се реши статусот на фабриката. Но, иако бевме упорни со блокадите, сопствениците не пројавија интерес да се сретнат со нас”, велат револтираните работници.

Според нив, фабриката во минатото важела за еден од најголемите производители на тули во Македонија, се работело профитабилно, а нивните производи биле барани на пазарот но недомаќинското работење придонело за ваквите состојби.

Please follow and like us:
0

COMMENTS

meta charset="utf-8"
;