ДВОЈНИЧКА НА ЈОАКИМ ЛЕВ ГО ВОЗИ АВТОБУСОТ НА ГЕРМАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    ДВОЈНИЧКА НА ЈОАКИМ ЛЕВ ГО ВОЗИ АВТОБУСОТ НА ГЕРМАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    Бела кошула, долга црна коса, шармантна насмевка, очила за сонце… Изгледа како шофер на автобусот на германската фудбалска репрезентација да е селекторот Јоаким Лев.

    Јоаким Лев веќе десет години ја предводи германската репрезентација

    Јоаким Лев веќе десет години ја предводи германската репрезентација

    Сепак, ако се погледне убаво, тоа не е селекторот на светскиот шампион, туку жена која личи збунувачки слично на 56-годишниот фудбалски стратег.
    Германските фудбалери нешто порано го напуштија хотелот „Златно лале“ во Марсеј  за вечерниот полуфинален дуел со домаќинот на Европското првенство во Франција, но одеа по невообичаена рута по патиштата покрај медитеранскиот брег и потоа низ историскиот центар на францускиот град, па на крајот малку задоцнија на стадионот „Велодром“.
    Германија и Франција вечерва во Марсеј со почеток од 21 часот играат во второто полуфинале на Европското првенство во фудбал и победник в недела ќе се сретне со Португалија во финалето во Париз на „Стад де Франс“. Германците имаат убава традиција во полуфиналните натпревари против домаќините на големите фудбалски натпреварувања и досега победиле на шест од седумте такви дуели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари