ГЛАСНИТЕ ЖИЦИ НА ИСЛАНДСКИОТ КОМЕНТАТОР НАСТРАДАА ПО ДРАМАТИЧНАТА ПОБЕДА

    ГЛАСНИТЕ ЖИЦИ НА ИСЛАНДСКИОТ КОМЕНТАТОР НАСТРАДАА ПО ДРАМАТИЧНАТА ПОБЕДА

    Пласманот на исландската фудбалска репрезентација во осминафиналето на Европското првенство во Франција е едно од најголемите изненадувања на шампионатот.

    Згора на тоа, Исланд заврши пред фаворитот Португалија на табелата во групата Ф, откако остана непоразен по трите меча.
    Синоќешниот натпревар против Австрија беше драматичен и Исланд победи со 2:1 со погодокот на Арнор Траустасон во 94. минута.

    Следуваше еуфорија помеѓу навивачите, но полуде и коментаторот на исландската телевизија, чиишто гласни жици попуштија од возбуда.

    Во осминафиналето, Исланд ќе игра со Англија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари