НАНИ И РЕНАТО САНЧЕС ПОКАЖАА ИМПРЕСИВНИ БИТБОКС ВЕШТИНИ НА ШАМПИОНСКАТА ПАРАДА

НАНИ И РЕНАТО САНЧЕС ПОКАЖАА ИМПРЕСИВНИ БИТБОКС ВЕШТИНИ НА ШАМПИОНСКАТА ПАРАДА

Португалските фудбалери ја слават победата на Европското првенство во Франција на сите можни начини. И со право.
Прво ја објавија задолжителната тимска фотографија во авионот на враќање дома. Потоа парадираа пред илјадниците обожаватели во Лисабон, ги поздравуваа верните фанови, покажуваа љубов.
Во духот на прославата и забавата, дознавме некои работи за играчите на репрезентацијата, на пример дека Кристијано Роналдо ич не го бидува за пеење. За разлика од него, Нани и Ренато Санчес се многу добри во битбокс.
Од видеото може да видите и чуете дека двајцата португалски фудбалски херои даваат сѐ од себе на големата сцена. Нани ги крева критериумите за квалитетен битбокс, а кога Ренато Санчез го презема микрофонот, магијата се повторува. Навистина импресивно.

Коментари