АНТИКОРУПЦИСКА Е ИНСТАЛАЦИЈА НА ВЛАСТА, ОДГОВОРИ СПАСОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    АНТИКОРУПЦИСКА Е ИНСТАЛАЦИЈА НА ВЛАСТА, ОДГОВОРИ СПАСОВСКИ

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја нарече Антикорупциската комисија инсталација на партијата на власт, отфрлајќи ги заклучоците на комисијата, која денеска побара од Обвинителството на Марко Зврлевски да отвори истрага против Спасовски за незаконско распоредување и унапредување на вработени во МВР. Тој тврди дека сите распоредувања извршени во МВР, а кои се потпишани од него, се направени во согласност со измените на Законот за Влада и пред донесувањето на одлуката за распишување на предвремените парламентарни избори, јави агенцијата „Мета“.

    АНТИКОРУПЦИСКА ПОБАРА ОД ЗВРЛЕВСКИ ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ ФУНКЦИОНЕРИ НА ОПОЗИЦИЈАТА

    „Во согласност со член 44 од измените на Законот за влада, министерот за внатрешни работи има право да изврши најмногу 15 распоредувања и разрешувања на пониски и на повисоки позиции во МВР и хоризонтални распоредувања од 10 отсто од вкупниот број хоризонтални распоредувања извршени во 2013 и во 2014 година. Ова се единствените решенија за распоредување извршени во МВР и кои се во целосна согласност со законските одредби“, рече Спасовски.

    Спасовски изјави дека е жално што Државната комисија за спречување корупција „уште еднаш покажува дека не презема ништо за спречување на корупцијата“ и дека е „само инсталација на партијата на власт“.

    „Државната комисија за спречување корупција не поведува постапки за корупцијата во државните органи и против државни функционери, иако имавме можност да слушнеме какви сè дејства имало во нив. Уште еднаш се покажува дека во време на избори, антикорупциската комисија е инсталација на партијата на власт, која има цел да ја манипулира јавноста, а станува збор за институција која е финансирана од граѓаните на Македонија“, рече Спасовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира