ДИРЕКТОРОТ НА УБК НЕ СОРАБОТУВА, НЕ СИ ОДИМЕ ОД ТУКА ДОДЕКА НЕ ЗАВРШИМЕ, ВЕЛИ ЈАНЕВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИРЕКТОРОТ НА УБК НЕ СОРАБОТУВА, НЕ СИ ОДИМЕ ОД ТУКА ДОДЕКА НЕ ЗАВРШИМЕ, ВЕЛИ ЈАНЕВА

    Специјалната обвинителка Катица Јанева, која денеска влезе во УБК со судски налози, изјави дека директорот на УБК Владимир Атанасовски не соработува, но дека таа и нејзините истражители немаат намера да си заминат се додека не ја завршат работата до крај.
    „Со две судски наредби влеговме во УБК, во наредбите стои дека треба да ги превземеме сите посебни истражани мерки, ги бараме сите имиџи и сите разговори кои ги имаат снимено периодот од 2008-20015. Соработката оди тешко, одбива директорот на УБК да постапи, во исто време тука е и не знам по кој основ директорот на Бирото за јавна безбедност Чавков, и други доаѓаат. Но во исто време ве уверуваме дека јас и мојот тим остануваме додека не ги извршиме судските наредби“, рече Јанева и додаде:
    „Претходница беа нашите упорни барања да ги достават сите документи кои ги бараме од од 8 март наваму. Ова е во рамките на нашиот мандат кој, како и зошто прислушувал, дали се прислушувало во УБК или се странски служби, тоа го утврдуваме во моментов. Повеќепати сме дошле да разговараме со вработени во УБК, но соработката не вроди со плод, но еве соработката мораше да биде со судски наредби. Работиме и ќе работиме до касно в ноќта, се надевам и повеќе денови, додека не ја завршиме работата. Сега од УБК бараа пауза за да имаат состанок“, рече Јанева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира