ЕУ ВНИМАТЕЛНО ГО СЛЕДИ РАСПИТОТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Брисел(МЕТА)

    ЕУ ВНИМАТЕЛНО ГО СЛЕДИ РАСПИТОТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ

    Европската Унија ја го следи развојот на настаните со повикувањето на полициски разговори на претставниците на Хелсиншкиот комитет во Македонија.

    „Внимателно го следиме развојот на настаните, но во моментов не сме во позиција да коментираме индивидуални случаи“, изјави за „Мета“ висок претставник на ЕУ, одговарајќи на прашање како ги коментираат полициските сослушувања на челните лица на Хелсиншки комитет, проф. Гордан Калајџиев и Уранија Пировска,  и на професорката Мирјана Најчевска.

    Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и професорката Најчевска денеска соопштија дека добиле покани од МВР утре да дадат изјава за нивното учество во протестите. Пировска, која соопшти дека е повикана поради фрлање на боја на демонстрациите, рече дека „информативните“ разговори нема да ја натераат да престане да протестира.

    Професорката Најчевска, од друга страна пак, вели дека не знае за што ја товарат затоа што не ги прекршила начелата за мирени протести.

    Претседателот на Хелсиншкиот комитет, Гордан Калајџиев вчера исто така беше повикан на разговор поради учество на протестите. Против него е поднесена прекршочна пријава за нарушување на одредбите од законот за јавна чистота, поради фрлање на боја. Тој е казнет со 50 евра парична казна или општокорисна работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари