ИНЦИДЕНТ ОТКАКО ИЛИЈА ДИМОВСКИ МУ ЈА ИЗВАДИ КАРТИЧКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ

    ИНЦИДЕНТ ОТКАКО ИЛИЈА ДИМОВСКИ МУ ЈА ИЗВАДИ КАРТИЧКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИПратениците на ВМРО-ДПМНЕ неколку минути се убедуваа со претседателот на Собранието Талат Џафери колку треба да трае паузата, 10 минути или еден час. (Фото: МТВ/принтскрин)

    Вечерва во Собранието повторно се случи инцидент, откако нешто по 19 часот пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски му ја извади картичката на претседателот на Собранието Талат Џафери. Претходно, Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ побара пауза од еден час, а доби пауза од 10 минути.

    По кусата пауза, Џафери повика обезбедување да стои кај говорницата за да не му ја извади пак некој картичката, а таму околу пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова која имаше збор, се собраа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, од кои најгласен беше Влатко Ѓорчев, кој неколку пати повтори: „Секој ден ни викаш полиција. Ова е окупација на парламентот. Ова го нема нигде. Македонскиот народ го гледа ова“.

    На тоа, Џафери смирено одговараше: „Дозволете и на колешката да зборува. Честојнова има збор“.
    По неколкуминутно убедување колку требало да трае паузата, 10 минути или еден час, пратениците се вратија на своите седишта, а Џафери му кажа на обезбедувањето да ја напушти салата, по што пратеничката Честојнова почна да зборува. Расправата траеше до 20 часот, по што Џафери даде пауза од еден час.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари