ЈАНЕВА И ХАН РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ НА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАНЕВА И ХАН РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ НА СЈО

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева разговарала со Јоханес Хан за продолжување на мандатот на нејзиното обвинителство на денешната средба со Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика.

    „Со комесарот Јоханес Хан разговаравме за нашата досегашна работа и го информиравме за сите проблеми со кои се соочивме. Разговараме и за продолжувањето на нашиот мандат“, изјави Јанева по средбата со Хан.

    На новинарското прашање за формирање специјално судско одделение, Jанева одговори дека за другите работи за кои било дискутирано на средбата ќе каже Хан подоцна на прес-конференција.

    Предлогот за измена на Законот за СЈО за продолжување на мандатот на обвинителството, кој со актуелното законско решение е 18 месеци, не помина во парламентот минатата недела.

    Претходно, Хан се сретна со претставници на невладините организации и со премиерот Емил Димитриев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира