ЈАНЕВА ПОБАРА ДА СЕ УКИНЕ РОКОТ ОД 18 МЕСЕЦИ ЗА ИСТРАГИТЕ НА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАНЕВА ПОБАРА ДА СЕ УКИНЕ РОКОТ ОД 18 МЕСЕЦИ ЗА ИСТРАГИТЕ НА СЈО

    Специјалната јавна обвинителка Катица побара од Собранието да го укине членот од законот за СЈО со кој се дефинира рок за истрагите.
    “Пуштете не да работиме додека не завршиме. Додека имаме работа, да работиме согласно Кривичниот закон“, рече таа на денешната седница на Комисијата за политички систем на која втор ден се расправа за шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.
    Според сегашниот закон СЈО може да покрене обвинение, или да нареди истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност“.
    Откако на пратениците им го прочита на глас членот 11 кој ја одредува надлежноста на Специјалното обвинителство врз предметите со прислушувањето и кој јасно кажува дека тоа е надредено во однос останатите обвинителства, кои треба да соработуваат со СЈО, таа се сврте кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ги праша:“Јасно?“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира