НИ КОЊАНИКОТ ФИЛИП ВТОРИ ВО БИТОЛА НЕ И ИЗБЕГА НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    НИ КОЊАНИКОТ ФИЛИП ВТОРИ ВО БИТОЛА НЕ И ИЗБЕГА НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Ни коњаникот Филип Втори, поставен во центарот на Битола, синоќа не и избега на Шарената револуција.

    Демонстрантите античкиот владетел го обоија со шарени бои.

    Прво беше обоен столбот од споменикот на синот во Скопје, поточно „Воинот на коњ“ која го претставува Александар Македонски, а вчера и неговиот татко во Битола.  Двата споменика во Скопје и Битола беа поставени во ист ден во 2011 година.

    И синоќа во Битола имаше протест и контрапротест.

    Филип обоен1.

    Утринава споменикот на Филип Втори осамна обоен од Шарената револуција (Фото: Битолско движење)

    Демонстрантите од Шарената револуција фрлија балони со боја врз зградата на Основниот суд. Тие бараа ослободување од притвор на сите антивладини демонстранти. Викаа дека е неправедно криминалците од тајфата на градоначалникот Владимир Талески да бидат слободни, а децата што протестираат против криминал да седат заробени дома.

    Во исто време, на другата страна од градот, кај Офицерскиот дом се собраа граѓаните што ја поддржуваат власта во организација на невладиното здружение ГДОМ. Тие барааа одржување на избори на 5 јуни, како единствен начин за излез од политичката криза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари