ТИГРЕСТИ ЛИСИЦИ ЗА МИЛЕ, ЧАТАЛОТ СО ТЕГНАЛО ЈА БОИ ВЛАДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТИГРЕСТИ ЛИСИЦИ ЗА МИЛЕ, ЧАТАЛОТ СО ТЕГНАЛО ЈА БОИ ВЛАДАТА

    Кафезот со затворениците стигна пред Влада. Демонстрантите воделе посебна грижа за лисиците на рацете на аболицираните. Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е врзан со тигрести лисици, а поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска со виолетови.

     

    Поранешниот министер за транспорт и врски е врзан со тигрести лисици

    Поранешниот министер за транспорт и врски е врзан со тигрести лисици

    Демонстрантите и вечерва го активираа чаталот со тегнало и уште еднаш ја обоија Владата.

    Кафезот во кој се затворени аболицираните ја предводеше колоната демонстранти која од пред СЈО тргна кон Владата. Пред да тргнат, демонстрантите ставија кукли со ликовите на дел од аболицираните облечени во затвореничка облека, во голем кафез. Зад решетките се поранешната минисерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер. Кафезот е на тркалца и демонстрантите го туркаа по булеварот „Св. Климент Охридски“ кон Владата.

    Вечерашната шарена револуција е посветена на Власите во Македонија по повод 23 мај, Денот на Власите. Централниот транспарент е на влашки и порачува „Не за криминалот, не за аболицијата“.

    „Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестира полека ќе станува бликрам, окупирам и секојдневно го менувам системот!“, напишаа денес на Фејсбук организаторите од Протестирам.

    Откако се исполни барањето за одложување на изборите на 5 јуни, останаа барањето за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари