ЗВРЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВА ЈАНЕВА ПО КОИ СТАНДАРДИ СЛЕДЕЛА ОСОМНИЧЕНО ЛИЦЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗВРЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВА ЈАНЕВА ПО КОИ СТАНДАРДИ СЛЕДЕЛА ОСОМНИЧЕНО ЛИЦЕ

    Јавното обвинителство на Марко Зврлевски денеска ѝ пиша на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ја праша според кои стандарди и закони издала наредба на нејзин истражител да следи и снима лице осомничено во предмет на СЈО.

    „Ве прашуваме, според кои стандарди и закони, Вие давате наредба на ваш истражител да следи и снима лице осомничено во ваш предмет? Дали имавте за тоа судска наредба за Посебна Истражна Мерка? Дали Вие и вашите „ повисоки стандарди” всушност во правниот промет вметнуваат и правна несигурност. Би сакале да знаеме, бидејќи за нас е незамисливо да се следи и снима објект или лице кое е осомничено од страна на било кој без постоење на изричита судска наредба. Уште повеќе, дали со усна наредба од Ваша страна беше испратен и приватниот детектив кој исто така вршеше следење и снимање на осомничено лице во Ваш предмет? Цените ли дека се што од ваша страна е направено од крајно непознавање на законите и постапката, треба од денес да биде „повисок стандард” по кој сите ние ќе работиме, па ќе можеме директно да испраќаме истражители за следење, снимање, заедно со приватни детективи, кај ќе стигнеме“, праша Основното јавно обвинителство во отвореното писмо до СЈО.

    Истражител на СЈО беше приведен и брзо пуштен на слобода во петокот откако, како што кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, фотографирал објект на поранешниот директор на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира