СУДИЈА ВО РИО НАРЕДИ ЗАПЛЕНА НА ПАСОШОТ НА ЛОКТИ, ТАТКО МУ ВЕЛИ ДЕКА Е ВРАТЕН ВО САД

a:1:{s:9:"td_source";s:14:"Рио,(АП)

    СУДИЈА ВО РИО НАРЕДИ ЗАПЛЕНА НА ПАСОШОТ НА ЛОКТИ, ТАТКО МУ ВЕЛИ ДЕКА Е ВРАТЕН ВО САД

    Таткото на американскиот пливач Рајан Локти рече дека неговиот син, кој освои златен медал на Олимпијадата во Рио, се вратил во САД пред да стигне наредбата од бразилски судија дека Локти и уште еден член на олимпискиот тим на САД, Џими Фејген, треба да останат во Бразил додека властите ја водат истрагата по нивната пријава дека биле ограбени за време на Олимпијадата.
    Стив Локти во телефонски разговор со АП од неговиот дом во Флорида рече дека син му му се јавил вчера откако стигнал во САД. Триесет и двегодишниот пливач одел да си го земе автомобилот и да си купи нов паричник откако стариот наводно му бил украден.
    „Јас сум среќен што е на безбедно“, рече постариот Локти.
    „Ова беше несреќно искуство за него и останатите тројца. Не знам зошто толкава контроверзност. Буквално ги извлекле од такси возилото и ги ограбиле. Најважно е дека имал среќа што е жив и здрав и дека му ги украле само парите и паричникот.“
    Тој додаде дека на олимпиецот не му биле украдени олимписката акредитација и мобилниот телефон во инцидентот што се случил рано во неделата наутро.
    Тој рече дека е сигурен дека Рајан има пасош инаку немало да му дозволат да се качи во авион.
    Не е познато каде точно се наоѓа Фејген.
    Од канцеларијата на судијката Кејла Бланк денес потврдија дека има издадено наредба за одземање на пасошите на Лохте и Фејген.
    Олимпискиот комитет на САД рече дека полицијата дошла во олимпиското село утрово за да ги земе пасошите, но пливачкиот тим веќе бил иселен.

    Коментари