РЕАЛ МАДРИД ГО ОСВОИ СУПЕР КУПОТ

    РЕАЛ МАДРИД ГО ОСВОИ СУПЕР КУПОТНавивачите на Реал Мадрид на трибините на „филип Втори“ во Скопје прославија уште една титула. (Фото: СДК.МК)

    Реал Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 во Супер купот на УЕФА во Скопје. Касемиро и Иско беа стрелци за шпанскиот тим на „Филип Втори“ во Скопје и му ја донесоа четвртата титула во ова натпреварување, додека за англискиот тим голот го постигна Ромелу Лукаку.

    Најголемата ѕвезда на натпреварот, Кристијано Роналдо, кој играше во Манчестер Јунајтед пред да дојде во Реал Мадрид, влезе во игра во 83. минута на местото Карим Бензема, кога резултатот веќе беше 2:1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира