НАЈМАЛКУ 25 ЗАГИНАТИ, 50 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО КОПТСКА ЦРКВА ВО ЕГИПЕТ

    НАЈМАЛКУ 25 ЗАГИНАТИ, 50 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО КОПТСКА ЦРКВА ВО ЕГИПЕТБомбата била поставена под седиште во салата за молитви. (Фото: Твитер)

    Најмалку 25 луѓе загинаа во експлозија во коптска христијанска црква во северен Египет за време на литургија за Цветници, соопшти египетското министерство за здравство. Други 50 се повредени во експлозијата во црквата Свети Ѓорѓија во Танта.

    Експлозивната направа била поставена под седиште во црквата и детонирала во главната сала за молитви.

    „Тероризмот повторно удри по Египет, овојпат на Цветници. Уште еден срамен, но неуспешен обид против сите Египќани“, твитна Министерството за надворешни работи.

    Цветници е празник неделата пред Велигден, со кој се одбележува почетокот на светата недела за христијаните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира