ЊУЈОРШКИОТ СУД ПРИВРЕМЕНО ЈА БЛОКИРАШЕ НАРЕДБАТА НА ТРАМП, ПРОТЕСТИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Њујорк,(АП)

    ЊУЈОРШКИОТ СУД ПРИВРЕМЕНО ЈА БЛОКИРАШЕ НАРЕДБАТА НА ТРАМП, ПРОТЕСТИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ

    Федералниот суд во Њујорк нареди привремено да биде блокирана извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп да ги депортира луѓето со валидни визи кои слетале на американска почва кога стапи на сила забраната за влез на граѓани од седум претежно муслимански земји.
    Илјадници луѓе на аеродромите во Њујорк, Сан Франциско и Сиетл во саботата вечет бараа САД да продолжи да прима бегалци од воените зони и укинување на забраната за влез во земјата. Демонстрантите го блокираа и пристапот до најголемиот њујоршки аеродром Кенеди.
    Трамп во петокот ја суспендира на 120 дена програмата за бегалци и нареди забрана за влез во САД на граѓаните на седум земји – Ирак, Иран, Сирија, Судан, Либија, Сомалија и Јемен.
    Властите соопштија дека на 109 патници кои биле во авионите во моментот кога Трамп ја потпиша забраната им било забрането да влезат во САД кога слетале. Тие беа држени во притвор и потоа ослободени по наредба на судот. На 173 патници не им било дозволено да се качат на авион уште на аеродромите во Европа и Африка.
     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира