РУСИЈА Е СИЛНА, А НИЕ СМЕ МНОГУ, МНОГУ СИЛНИ, ПОРАЧА ТРАМП

    РУСИЈА Е СИЛНА, А НИЕ СМЕ МНОГУ, МНОГУ СИЛНИ, ПОРАЧА ТРАМПДоналд Трамп веќе не мисли дека НАТО е застарен, став што го застапуваше во изборната кампања. - Трамп и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Овалната соба во Белата куќа (Фото: Њујорк тајмс)

    Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече Русија „силна земја“ и додаде дека САД е „многу, многу силна земја“, но не е оптимист дека ќе го реализира изборното ветување за подобри односи меѓу двете земји.

    „Ќе видиме како ќе ни оди….“, одговори Трамп на новинарско прашање дали го променил мислењето за рускиот претседател Владимир Путин.

    Коментарите на Трамп доаѓаат кусо откако државниот секретар Рекс Тилерсон кажа дека меѓу двете земји има ниско ниво на доверба на заедничката прес-конференција со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

    Трамп вчера беше домаќин на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и двајцата потврдија дека членовите на алијансата од Европа се загрижени во врска со потенцијална руска агресија. Американскиот претседател, исто така, призна дека го променил мислењето за НАТО и сега смета дека организацијата веќе не е застарена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира