Тагови Постови тагирани со "општина"

таг: општина

КУМАНОВО ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ЈА МЕРИ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ

Општина Куманово ќе ангажира лиценцирана лабораторија која ќе изврши дополнително, независно мерење на загадувањето на возухот во градот, за да се утврди фактичката состојба и со тоа да прекине политичката хајка, најавува градоначалникот Зоран Дамјановски, откако изминатите неколку денови беше мета на напади дека Куманово е најзагаден град во Европа, а локалната самоуправа не презема ништо да го реши...

МИЛОШОСКИ ШЕСТ ГОДИНИ ВО БИТОЛА ВЕТУВА ТОПЛИФИКАЦИЈА

Оваа грејна сезона се навршија десет години откако паднаа првите ветувања дека Битола ќе се топлифицира. Во 2006, неколку месеци по парламентраните избори на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, локалната власт раскопа улица во центрот на градот кажувајќи дека става цевки за топлана. Не само што не се изгради, туку и Топлификација отиде во стечај.  Снегот и асфалтот ги покрија трагите. Пет...

НИ БАРААТ 8.000 ДЕНAРИ МЕСЕЧНО ЗА ПАРКИНГ, СЕ ЖАЛАТ СТАНАРИТЕ ВО ТЕТОВО

Помина една година од воведувањето на зонското паркирање во Тетово, а граѓаните сѐ уште се со поделени мислења за неговата ефикасност. Повеќето од нив велат дека сега се создаде поголем хаос, посебно во улиците каде не се наплатува паркирањето, бидејќи сега тие се пренатрупани со возила чии сопственици не сакаат да платат паркинг. Посебно хаотична е состојбата на булеварот...

МЕСТО НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ТЕТОВО ЌЕ ГО ПОПРАВИ ПОКРИВОТ НА ШКОЛОТО „ЛИРИЈА“

Советот на Општина Тетово на својата последна седница оваа година донесе одлука во градот да се откаже новогодишната забава за дочекот на Новата година на градскиот плоштад, а за тоа предвидените 600.000 денари да се пренаменат за поправка на покривот на основното училиште „Лирија“, едно од најстарите во градот. “Иницијативата за откажување на новогодишната забава и за пренамена на средствата...

100 ДИВИ ДЕПОНИИ  ГИ ЗАТРУПАА СО ЃУБРЕ СТРУМИЧКИТЕ СЕЛА

Речиси во секое населено место во струмичко има една до две диви депонии кои се наоѓаат покрај локални патишта, реки, канали.  Ѓубре се фрла насекаде, независно дали во селата има организирано собирање на отпадот или не. Луѓе со натоварени запрежни коли или трактори  секојдневно  фрлаат разновиден отпад . Најалармантно е во оние населени места каде општинските комунални претпријатија  организирано...

ОПШТИНА БИТОЛА ДА ИЗДВОИ 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОЧЕТОК НА ГАСИФИКАЦИЈАТА, БАРА ОПОЗИЦИЈАТА

Издвојување на 20 милиони денари од буџетот на Општина Битола за 2017 година за да почне постапка за  изградба на гасоводна мрежа во градот, побараа советниците од опозицијата во битолскиот Совет. „Во Битола имаме исклучително висока загаденост. Ако бевте искрени во ветувањата пред избори за гасификација на Битола, време е да се издвојат првите средства. Да не чекаме само пари...

БИТОЛСКИТЕ ШАРЕНИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО ПРЕД НОВА ГОДИНА

  Предновогодишно, дел од учесниците во Шарената револуција во Битола  деновиве се повикувани да се јават на разговор во Јавното обвинителство, во врска со кривичните пријави што против нив ги имаше поднесено полицијата за оштетување туѓи предмети. Меѓу нив е и Зоран Димовски од битолското село Логоварди, кој поканата од обвинителството денес ја објави на социјалните мрежи. Во неа пишува дека...

„ГЕНТЕРМ“ ЌЕ СЕ ПРОШИРУВА ВО ПРИЛЕП, А ОТПУШТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ НЕ СЕ ПОВИКАНИ НА РАБОТА

Американската компанија „Гентерм“со седиште во Прилеп на три дена пред овие предвремени парламентарни избори соопшти дека ќе ги проширува своите капацитети. „Новото проширување на фабриката ќе го зголеми постоечкиот капацитет за 12.000 метри квадратни. Ова ќе придонесе компанијата да го достигне полниот капацитет од вкупно 22.000 метри квадратни. Наместо иницијалниот план за изградба на полниот капацитет на фабриката до крај...

КИНОТО „МАНАКИ“ КАКО ТУРСКА СЕРИЈА – СЕ ГРАДИ ПЕТ ГОДИНИ 

Цел трет мандат на битолскиот градоначалник Владимир Талески му беше малку за да им се оддолжи на браќата Манаки за влогот што го дадоа со својата филмска дејност за Битола. Талески, во свој стил, во повеќе наварати изјавуваше дека обновата на некогашното кино на Манаки битолчани им ја должат на првите сниматели на Балканот. Киното на битолски Широк Сокак, објект...

ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ДВА МЕСЕЦА УЧАТ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

Изминаа два и пол месеци, а тетовските гимназијалци од македонските паралелки сѐ уште не седнаа во училишните клупи. Тие се решени да ја бојкотираат наставата сѐ додека не добијат соодветен простор за одржување на наставата. По протестите на градскиот Плоштад на почетокот од учебната година тие се преселија во зградата на Општина Тетово, каде во големата општинска сала се...