ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПОЛИЦИЈА СО ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Скопје,(САКАДАКАЖАМ.МК)

    ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПОЛИЦИЈА СО ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА

    Павле Богоевски, активистот на Шарената револуција кој вечерва беше уапсен на кејот на Вардар, излезе од полициската станица „Пролет“ со прекршочна пријава. Го пречекаа неколку десетици граѓани кои додјдоа да му дадат поддршка.

    Полицијата го уапси вечерва, за време на говорот на поранешниот премиер Никола Груевски за прославата на 26 години постоење ВМРО -ДПМНЕ, кога се обиде да постави платно со антивладини пораки на ѕидот од кејот на Вардар кај градилиштетото за новиот Офицерски дом.

    „Недозволиво е што полицијата се одлучила да примени сила врз него заради тоа што имал намера да простре транспарент со политички пораки“, соопшти на својот Фејсбук профил Шарената револуција, која ги објави и пораките поради кои припадници на ЕБР употребија насилство врз Павле Богоевски и го приведоа: “Година по година, криминално здружение! Партијата да се одвои од Гатачката! Ај па и за апсаани да си дочекате! Кога славите 10 години МВРО?”

    На апсењето му претходеше препирка со полицијата кога активисти од Шарената револуција се обидоа од Плоштад Македонија преку камен мост да тргнат кон Музејот на македоснка борба на чија тераса се дршува прославата на роденденот. Полицијата недоволуваше никој да помине преку мостот, ги прошушташе само оние што доаѓаа од спротивната насока.

    Кога не им беше дозволен пристапот кон Музејот, шарените се обидоа на ѕидот на кејот да постават платно со пораки. Полцијата ги сопре и го приведе Богоевски, а во истиот момент Шарената револуција повика на протест пред полициската станица „Пролет“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари