Големото невреме што го зафати вечерва Скопје ја блокираше и обиколницата, кадешто има голем број заглавени граѓани, кои објавуваат фотографии и бараат помош на социјалните мрежи.
Поројниот дожд со силен ветар и грмотевици практично го блокираше сообраќајот во целиот град и остави неколку населби без струја, интернет и телевизија. Градот Скопје апелира до граѓаните да останат дома додека да заврши невремето и се создадат услови за нормално функционирање на сообраќајот.