Од Центарот за управување со кризи за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека засега нема информација за повредени или исчезнати граѓани на територијата на Скопје. На бесплатниот телефонски број од 18 часот кога почна невремето во главниот град се регистрирани голем број јавувања на граѓани кои информираат за поплавени домови и заглавени возила на поплавени улици.
Најмногу поплавени има во општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба каде што водата од улиците се прелеала преку тротоарите и ги поплавила домовите.
Излеван е и каналот во населбата Усје.
Невремето уште трае и граѓаните не престануваат да се јавуваат во Центарот за управување со кризи.