СЕ ВРАТИ СТРАВОТ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО ШИПКОВИЦА ПО ДЕНЕШНОТО НЕВРЕМЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ ВРАТИ СТРАВОТ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО ШИПКОВИЦА ПО ДЕНЕШНОТО НЕВРЕМЕ

    По невремето што го зафати тетовското село Шиковица во попладневните часови, вечерва почна повторно да врне дожд, но со нешто  послаб интензитет.
    Сите во селото се на штрек. Главниот удар на невремето овој пат беше на околу километар од селото на патот кон Бродец. Како што кажуваше еден од жителите на селото, еден мал поток, за неполна минута се претворил во невидена буица и однесе дел од асфалтниот пат. Водата донесе и две огромни карпи, тешки десетици тони кои целосно го блокираа патот.
    „Силното невреме кое попладнево ја зафати Шипковица целосно го однесе  патот во правец кон селото Бродец во должина од околу 300 метри. Сообраќајот е во прекин и засега селата Бродец, Вешала и Бозовце се отсечени од Шипковица. Од наша страна веднаш е ангажирана тешка механизација и три булдожери веќе работат на отстранување на големите камења и на пробивање и оспособување на патот кон Бродец. Во Шипковица причинета е помала материјална штета додека од селата Бродец, Вешала и Бозовце не информираа дека овде невремето не причинило никаква штета“ ни изјави Ивица Наумовски од Дирекцијата за заштита и спасување.
    За разлика од минатата година, овојпат надлежните општински и републички служби за кратко време се најдоа на местото и веднаш почнаа со санирање на патот.
    Како што кажуваат жителите на Шиковица невремето започнало попладнево нешто по три часот.  Поројниот дожд проследен со ветер за еден миг ги преплавил селските улици. Надојдената вода со голема брзина јурнала низ тесните улици улици носејќи дрва, камења и песок. Малку недостатсувало да се повтори сликата од пред една година, кога водата направи огромна штета низ селото и однесе четири животи.
    „Невремето не траеше повеќе од 10-15 минути, но дождот беше многу силен, исто како и лани кога беше поплавата. За среќа кратко траеше, но силниот дожд и ветер ги донесоа водите низ потокот кој минатата година ни ја направи најголемата штета. Жена ми, децата и јас силно се исплашивме. Мислевме дека пак ќе не снајде истата несреќа како минатата година. Панично побегнавме на вториот кат од куќата. За среќа, овојпат невремето траеше кратко, а водата само ми го однесе песокот и нешто градежен материјал, кој го имав оставено во дворот за куќата што ја градам“ ни изјави Зумер Алити од Шипковица.
    Шипковчани сигурно ќе имаат немирна ноќ. Сите погледи се свртени кон небото, а  темните облаци кои се надвиваат над селото и дождот кој и понатаму паѓа предупредуваат дека опасноста од ново невреме сеуште не е одмината.
    Од општина Тетово соопштуваат дека, освен за невремето во Шипковица, врнежите од дожд го зголемија нивото на реката во Голема Речица, но во моментот ситуацијата е под контрола и нема поплави или оштетувања на имототите на граѓаните и дека нивните оперативни тимови се на терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира