20 луѓе загинаа во синоќешното невреме во скопскиот регион, а 13 од нив се идентификувани и предадени на семејствата, потврдија од Управувачкиот комитет за справување со кризи.
Настраданите се од реонот на скопските населби Сингелиќ, Арачиново, Стајковци и Смилковци, кои беа најтешко погодени од невремето. Управувачкиот центар за справување со кризи соопшти дека во наредните 15 дена ќе биде прогласена кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион.
Општина Гази Баба отвори два пункта за помош на граѓаните во основните училишта „25 Мај“ и „Наум Наумовски-Борче“, а на социјалните мрежи, граѓаните се самоорганизираат и најавен е пункт кај „Веро Центар“.