Тимови на АРМ за пребарување и извлекување, опремени со специјална опрема и товарни возила се уште се ангажираат во околината на Стајковци, Ченто и обиколницата, каде заедно со екипите на МВР и останати субјекти го пребаруваат теренот, се ангажираат на извлекување на загрозено население, добиток и заглавени моторни возила, соопшти Министерството за одбрана.
„Армијата на Република Македонија ги стави на располагање сите потребни сили и материјални средства за ангажирање во справување со последиците на невремето, при што во моментот е ангажиран дополнителен персонал, потребен број на моторни возила и материјални средства за пребарување на теренот, извлекување и помагање на месното население, како и достава на вода за пиење и останат неопходен материјал од собирните пунктови во Град Скопје до погодените населени места каде тоа е најпотребно“, соопштија од МО и АРМ.20 луѓе загинаа во синоќешното невреме во скопскиот регион, а 13 од нив се идентификувани и предадени на семејствата, потврдија претходно од Управувачкиот комитет за справување со кризи.
Црвениот крст има мобилни тимови на терен, засега со 14 лица обучени за делување за одговор и справување со елементарни непогоди, а од утре ќе бидат ангажирани дополнителни волонтери кои ќе бидат повлечени од транзитните центри во Гевгелија и Табановце. Пунктови за собирање помош за настраданите има во основните училишта „25 Мај“ и „Наум Наумовски-Борче“ во Маџари.
Од Управата за хидрометеорлошки работи предупредуваат дека и вечерва не очекува нестабилно време со дождови и грмотевици, но со нешто послаб интензитет.
АРМ СЕ УШТЕ ГО ПРЕБАРУВА ТЕРЕНОТ ОКОЛУ ОБИКОЛНИЦАТА
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)