СПОМЕН-ПЛОЧА ВО ЧЕСТ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ ПОСТАВЕНА НА АНТИЧКИ ТЕАТАР ВО ОХРИД

    СПОМЕН-ПЛОЧА ВО ЧЕСТ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ ПОСТАВЕНА НА АНТИЧКИ ТЕАТАР ВО ОХРИДСпомен-плочата е поставена на првата годишнина од смртта на Стефановски (Фото: СДК.МК)

    Членови на охридскиот Лајонс клуб „Лихнидос” поставија спомен-плоча на Антички театар во чест на драматургот и писател Горан Стефановски на првата годишнина од неговата смрт. Минатото лето, токму тука беше изведена неговата драма “Одисеј”, во режија на Александар Поповски.

    „Овие луѓе патуваат, играат и настапуваат насекаде низ светот и воопшто не е едноставно да ги соберете на едно место. Желба ми беше поради Горан Стефановски оваа претстава да ја играме токму во Охрид и тој тука на своевиден начин да ја најде својата Итака. Не се надевав дека ќе успеам во тоа, но одговорот на сите уметници на кои им се обратив беше фасцинантен. Сите тие откажаа и снимања и патувања за да се соберат тука и да ја одиграме оваа претстава”, кажа Александар Поповски, селекторот на драмската
    програма на Охридско летo, по изведбата на „Одисеј”.

    Горан Стефановски, еден од најреномираните македонски драмски писатели, почина по кусо боледување на 27 ноември 2018 во Кентербери, Англија, каде што живееше.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира