ДВЕ ЛИЦА УБИЕНИ СО НОЖ НА ЛОНДОНСКИ МОСТ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ОПИША НАПАДОТ КАКО ТЕРОРИЗАМ

    ДВЕ ЛИЦА УБИЕНИ СО НОЖ НА ЛОНДОНСКИ МОСТ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ОПИША НАПАДОТ КАКО ТЕРОРИЗАМНапаѓачот бил застрелан од полицијата откако бил совладан од неколкумина случајни минувачи (Фото: АП)

    Две лица се убиени во нападот со нож што се случи на Лондонски мост, при што напаѓачот е убиен од полицијата.

    Лондонската полиција го окарактеризира инцидентот како терористички чин. Таа додава дека напаѓачот, кој починал на самото место, носел и лажен експлозивен прслук.

    Видеоснимките покажаа случајни минувачи како се обидуваат да совладаат маж, по што тој е застрелан од полицаец. Извор од полицијата потврди дека две лица се убиени, но не даде други детали. Мотивите за нападот засега не се познати.

    Лондонски мост веќе беше место на крвав напад, откако во 2017 година беа убиени осум луѓе.

    Денешниот инцидент се случи кратко време откако британските власти го намалија степенот на опасност од тероризам во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира