94 КАЗНИ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ТРЕВА ЗА „БЛЕК ФРАЈДЕЈ“ ПИШАА ИНСПЕКТОРИТЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    94 КАЗНИ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ТРЕВА ЗА „БЛЕК ФРАЈДЕЈ“ ПИШАА ИНСПЕКТОРИТЕ ОД ГРАД СКОПЈЕОд Град Скопје велат дека повторно ќе ги реконструираат тревниците околу Сити мол, но апелираат за поголема одговорност од граѓаните и посетителите на околните трговски центри. (Фото: Град Скопје)

    Синоќа инспекторите на Град Скопје пишале 94 казни за паркирање во трева во населбите Карпош 3 и Карпош 4. Тревниците околу трговскиот центар Сити мол поради најавените „Блек фрајдер“ попусти беа преполни со возила и притоа зеленилото беше уништено. Истовремено беа блокирани и споредните улички, па пајакот подигнал 24 коли.

    „Секоја година на овој ден граѓаните од околните згради на Сити мол се жалат на уништени тревници, тротоари и урбана опрема, како и оштетени возила и дрвја. Затоа, градскиот инспекторат оваа година најави акција за казнување неколку дена однапред која заврши со досега рекордни бројки“, велат од Град Скопје.

    Од Градот велат дека повторно ќе ги реконструираат тревниците, но апелираат за поголема одговорност од граѓаните и посетителите на околните трговски центри.

    Од Град Скопје денеска сооптштија и дека во рамките на есенската акција за зазеленување на градот, низ Скопје засадени се 7.000 садници.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира