Во Студенчишкиот канaл денеска потона брод од чиј резервоар се излеа поголема количина нафта, која плива по водата.
Од Капетанијата на македонските пристаништа велат дека станува збор за стариот брод „Лихнида”, кој долго време е закотвен во каналот.
„Екипи од Капетанијата излегоа на терен и треба да го подигнат бродот. Овој пловен објект долго време не е одржуван и досега требаше да биде изваден од Студенчишкиот канал”, вели капетанот на Капетанијата Горан Устијаноски.
Оттаму велат дека треба да се направи план за подигнување на сите бродови кои се закотвени во каналот, а кои претставуваат потенцијална опасност за Охридското Езеро.
Д. ЧУБРИЌ