Во вчера беше изваден бродот „Лихнида“ кој деновиве пропадна во Студенчишкиот канал и од чиј резервоар се излеа поголема количина на нафта. Поради опасност од натамошно загадување на каналот, екипа на Капетанијата од Охрид организираше акција за вадење на бродот.
„Бродот сега е во делот од каналот каде се пловилата на АРСМ. Отстранета е опасноста од натамошно загадување на Студенчишкиот канал. Ни претстои вадење и на останатите стари бродови кои се закана за екологијата”,вели капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа Горан Устијановски.
Студенчипшкиот канал стана место каде што е собрани старите пловни објекти во Охрид.
Д. ЧУБРИЌ