АДВОКАТОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ЗАКОЧИ „ТНТ“ СО ПРЕВОД НА АЛБАНСКИ СЕГА КАКО ИЛИЈА ДИМОВСКИ СЕ БУНИ ЗА ВОЗРАСТА НА ПОРОТНИЧКИТЕ

    АДВОКАТОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ЗАКОЧИ „ТНТ“ СО ПРЕВОД НА АЛБАНСКИ СЕГА КАКО ИЛИЈА ДИМОВСКИ СЕ БУНИ ЗА ВОЗРАСТА НА ПОРОТНИЧКИТЕАдвокатот Мреџан Даути, кој денеска пак побара превод на албански, на 19 ноември беше пријавен во адвокатската комора од судијата Огнен Ставрев под сомневање дека сака да го одолговлечи судењето со тоа што бара да му се преведат сите списи од двегодишното судење и да ја злоупотреби службената положба како адвокат. - Даути излегува од Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Адвокатот Мерџан Даути, кој минатиот месец се обиде да го блокира судењето за „ТНТ“ за рушењето на „Космос“ на Фијат Цаноски, барајќи превод на албански на целиот предмет, кој е пред изрекување пресуда, на денешното рочиште му укажа на судечкиот совет дека на две од поротничките им истекол мандатот, бидејќи наполниле 60 години. Пред пет дена, на судењето за „Талир“, со иста тактика одложување побара обвинетиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

    Адвокатот кажа дека според Законот за судови двете поротнички не треба да бидат дел од судечкиот совет поради истек на мандатот, а за тоа рече дека го известил и претседателот на судот, Иван Џолев, како и Судскиот совет.

    Даути, кој денеска пак побара превод на албански, на 19 ноември беше пријавен во адвокатската комора од судијата Огнен Ставрев под сомневање дека сака да го одолговлечи судењето со тоа што бара да му се преведат сите списи од двегодишното судење и да ја злоупотреби службената положба како адвокат. Судијата Ставрев не му ги прифати барањата.

    Во „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.

    На 6 ноември, обвинетата Елисавета Најдовска му го откажа полномоштвото на адвокатот Димитар Дангов и го замени со Даути.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира