Поранешниот премиер Зоран Милановиќ ги победи десничарските кандидати, вклучувајќи ја и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, во првиот круг на претседателските избори во Хрватска, што се одржаа денеска.
Милановиќ, кој во кампањата ветуваше дека ќе ја претвори Хрватска во „нормална, толерантна држава“, освои 30% гласови, додека Грабар-Китаровиќ го следи со 27%.
Најблиску до водечката двојка беше пејачот Мирослав Шкоро, за кого гласале 24% избирачи.
Како лидер на Социјалдемократската партија, 53-годишниот Милановиќ беше премиер на Хрватска од 2011 до 2016 година, по што беше во сенка на политичките случувања.
Вториот круг ќе се одржи за две недели, а во меѓувреме, Хрватска од 1 јануари ќе почне да претседава со Европската Унија.